УСЛУГИ

Промена на гумите обично се препорачува кај: летни гуми – 2 mm длабочина на профилот; гуми со ултра високи перформанси – 3 mm длабочина на профилот; зимски гуми – 4 mm длабочина на профилот.
Во нашиот сервис ќе добиете бесплатна промена на пневматици, за сите нови пневматици купени од кај нас!
Едно од најнепријатните чувства кое може да го доживее возачот во тек на возењето – се вибрациите на воланот и рачката на менувачот.  Тие ја намалуваат концентрацијата на возачот и ја загрозуваат неговата безбедност, а најчеста причина за нив – се неизбалансираните тркала, а се јавуваат обично при поголеми брзини.  Но, до вибрации може да дојде и на 30-40km/h.  Непријатното чувство, за жал не е единствената последица од оваа појава, туку – таа доведува и до оштетување на гумите, лежиштата, амортизерите, упорните спони, пригушувачките блокови, и други делови, чија поправка не е ни ефтина, ни едноставна.
Балансираните пневматици рамномерно се трошат, се спречуваат споменатите проблеми, а се намалува и потрошувачката на гориво.  Балансирањето претставува процес на урамнотежување на тежината на тркалата, кој обично се постигнува со користење на баланс тегови.
Доколку се сомневате дали на Вашите пневматици им е потребно балансирање, Ве охрабруваме да не ја одложувате проверката!
Балансирање се препорачува секогаш кога се монтира гума на тркалото, а секоја купена гума од ТРАНЗИТ, бесплатно ја монтираме и балансираме.
Зошто е поправката важна?
Ако возите со гума која непрестано испушта воздух, или е пробушена, многу е важно што побргу да ја прегледа стручно лице – не само поради Вашата лична безбедност, туку и поради тоа што дури и многу кратко возење со пробушена гума, како последица може да има – целосно уништување на гумата.
Нашите сервисери ќе ја прегледаат оштетената гума, и ќе Ви кажат дали таа може да се поправи, или мора да се замени со нова.
Поголемиот дел убоди, до должина до 0,64cm можно е да се поправат, доколку оштетувањето на гумата се наоѓа на газечкиот слој на гумата.  Со поправката – ќе го спречите понатамошното оштетување на гумата и ќе го одржувате притисокот во гумата на вредност која е препорачана од производителот.
Поради состојбите на патиштата, или други околности, поголем дел од автомобилите имаат барем малку оштетени бандажи.  Оштетениот бандаж нема правилен облик, и со самото тоа не е балансиран и е опасен за возење, бидејќи може да пукне при следното поголемо оптеретување на истото место.  Освен тоа, доведува до вибрации на автомобилот, а некорегираните вибрации не само што ќе ја уништат гумата, туку можат да предизвикаат и други озбилни оштетувања на возилото.
Затоа, доколку се сомневате или знаете дека Вашето возило има оштетен – искривен бандаж, советуваме што побргу да го решите проблемот така што ќе го однесете за поправка бандажот, а доколку истиот не може да се поправи – ќе набавите нов!

РЕЗЕРВИРАЈ ТЕРМИН