Новости

ШТО СЕ ЗИМСКИ ГУМИ ?

КАКО СЕ НАПРАВЕНИ ?

Зимските гуми имаат поголема содржина на природна гума што им дава помека структура. Меѓусебното дејство меѓу гумата и патот се менува кога се зголемуваат температурите. Ова влијае на прилепувањето на гумите на асвалтот. Летните гуми се зацврстуваат под +7° C додека специјално развиеното соединение од кое се направени зимските гуми гарантира флексибилност, дури и под +7°C.

КАКО ФУНКЦИОНИРААТ ЗИМСКИТЕ ГУМИ ?

Нивното име сугерира дека тие се снежни гуми, а всушност тие се гуми за ладно време, способни оптимално да работат на дожд, мраз, снег и суви, но студени, патишта. Нивната мекост им овозможува лесно да се прилепат на патишта на постудени температури.

Нивните мали жлебови се заглавуваат во снег, мраз и кал, и брзо ја растураат водата и снегот обезбедувајки подобро кочење и повеќе прилепување кон патот. Во меѓувреме, длабоките бразди на шарите го собираат и задржуваат снегот, за да помогнат при зафаќање на снегот и да им помогнат на гумите да ја растурат водата за да го намалат ризикот од аквапланинг.

КОИ СЕ ПРИДОБИВКИТЕ ОД ЗИМСКИТЕ ГУМИ ?

– Зимските гуми се одлични за прилепување кон ладни патишта, без разлика дали се влажни, суви, снежни или ледени. Подоброто прилепување значи – подобро кочење и подобра управливост и стабилност на возилото во ладни услови.
– Нивните екстра длабоки шари се способни да дисперзираат повеќе вода, помагајќи да се намали аквапланирањето и да се подобри управливоста.
– Тие нудат поголема сигурност на студ и ја одржуваат нивната флексибилност.

ШТО ЗНАЧАТ СИМБОЛИТЕ НА ЗИМСКИТЕ ГУМИ ?

Зимските гуми имаат два симболи: M+S и снегулка на една планина:
⦁ M+S означува “кал и снег” (mud and snow) и укажува дека шарата и составот на гумата се дизајнирани да понудат супериорно управување и кочење на кал и снег, во споредба со летната гума. Симболот M+S се појавува на зимски но и на гумите за сите сезони.
⦁ Планина со три врвови и снегулка (или 3PMSF) означува дека гумите ги имаат поминато тестовите за минимални потребни перформанси за снег, според Регулативата на ЕУ 661/2009. Овој симбол се појавува само на зимски гуми.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.