ЗОШТО ЛЕТЕ СЕ ВОЗИМЕ СО ЛЕТНИ А ЗИМЕ СО ЗИМСКИ ГУМИ ?

  • Слојот на газење кај летните гуми, при ниски температури (од 7°C па пониски) станува потврд, па контактот со подлогата е послаб, а патот на кочење подолг.
  • Слојот на газење на зимските гуми е помек и овозможува извонреден контакт со подлогата и при ниски температури, но затоа топлиот асфалт лете забрзано се троши.
  • Летните гуми треба да се заменат со нови кога длабочината на каналите на дезенот дојде до 3 мм.
  • Најмала дозволена длабочина на каналите при зимски гуми е 4 мм.
  • Зимските гуми имаат дополнителна ознака M+S (mud and snow = кал и снег), како и ознака снегулка што значи дека ги задоволуваат условите на посебни тестирања во зимски услови.
  • Зимските гуми овозможуваат поголема сигурност ако се монтираат на сите четири тркала.
  • Употребата на зимски гуми, според законот, е задолжителна од 15 ноември до 15 март, а технички кога температурата е пониска од 7°C .

КАКО ДА ОДБЕРЕТЕ СООДВЕТНА ГУМА ЗА ВАШЕТО ВОЗИЛО ?

При избор на нови гуми бидете внимателни пред се на нивната пропишана димензија, најголемата брзина и масата на возилото.Димензиите на гумата се изразени со ширината на пресекот на гумата и големината на бандажот.

Пример:      

195/65R15

195 – ширина на гумата во mm

65  – процентуален однос на висината спрема ширината на гумата

(65% од 195mm)

R   –   гума со радијална каркаса

15  –  пречник на бандажот во инчи, 1 инч = 2,54cm

Гумата мора да биде способна најмалку за онаа брзина за која е способно вашето возило. Ако е тоа нпр.183 км/час , тогаш возилото мора да го опремите со гуми кои дозволуваат брзина од најмалку 190 км/час

Способноста на гумата за одредена брзина се означува со брзинскиот симбол:

Q- до 160 km/h

S- до   180 km/h

T- до   190 km/h

H- до  210 km/h

V- до   240 km/h

(ZR)       (- макс.(>240 km/h))

W- до  270 km/h

Y-  до  300 km/h

Носивоста на гумите мора да ја надминува најголемата дозволена маса на возилото.  Ја изразува индексот на носивоста (бројка) запишан покрај симболот за брзина (буква).  Бројката којашто е показател за носивост на гумите, стои запишана пред индексот на носивост (пр. 82Т;  82 е показател за носивост), а означува најголемо допуштено оптеретување на гумата при најголемата допуштена брзина на возење, која е искажана со индексот за брзина (во случајот тоа е T- до 190 km/h).  Индексот 82 покажува тежина 475kg.

КАКО СИГУРНО ДА СЕ ВОЗИ ШТО ПОВЕЌЕ КИЛОМЕТРИ ?

Животниот век на гумите го скратуваат:

Брзите забрзувања – ненадејните кочења – преголемата брзина во завоите – брзото возење.

Гумите го паметеат секој пад во дупка, удар на рабникот, плочникот или на камен. Невидливите оштетувања се акумулираат и ќе се покажат после извесен период, за жал можеби во најнезгоден момент.

Доколку опасните места не можете да ги избегнете возете споро и под прав агол.

Почитувајте ја најголемата дозволена носивост, вклучително и притисокот на влечната кука на приколката која ја влече возилото.

Гумите паметат!

КАКО СЕ ОДРЖУВААТ ГУМИТЕ ?

Воздухот во гумите нека биде со притисок кој го пропишал производителот на возилото.

Пренискиот притисок во гумите предизвикува истите во тек на возењето премногу да се деформираат и загреваат што  може да се заврши со оштетување, секако се зголемува и потрошувачката на горивото, а се намалува животниот век на гумата.

Проверка на притисокот секои три до четири недели, при ладни гуми.

Вентилите обавезно да бидат опремени со заштитни капи кои се пред се осигурување од нечистотии.

Притисокот во резервната гума нека биде за 0,5 bar повисок од пропишаниот.

Внимавајте на тресењето на возилото. Обично тоа е знак дека тркалото е неурамнотежено, односно не добро избалансирано.  Возењето со такво тркало е несигурно, има  труцкање, неудобно е, а нагазната површина на гумата се троши забрзано – посетете сервис за да направите балансирање на гумите!

Редовно го проверувајте притисокот на возилото!

При секоја промена балансирајте ги гумите!

Ако на гумата забележите испупчувања на бокот, зарези или пукнатини, веднаш побарајте совет од стручно лице што ќе ви советува поправка или замена.

ЗОШТО ГУМИТЕ СТАРЕАТ ?

Гумите стареат заради физичките процеси и кога гумите не се употребуваат.
После 6 или повеќе години, променете ги гумите.
Резервното тркало кое е повеќе од 6 години во багажникот употребете го само во крајна нужда.
Не употребувајте половни гуми, бидејки не знаете каков ,,пат” имаат поминато.

КАКО СЕ ЧУВААТ ГУМИТЕ ?

Гумите да се чуваат во сув, ладен и темен простор.
Гумите да се штитат од допир со бензин, нафта и нивни деривати.
Пред да ги извадите гумите, означете која гума на која позиција се наоѓа, за да можете следната сезона предните гуми да ги ставите на задната, а задните на предната осовина (ротација на гумите). Тоа се прави бидејќи гумите на различни осовини нееднакво се трошат).