СОВЕТИ

СОВЕТИ

Со цел секогаш да сте безбедни на патот многу е битно повремено да направите контрола на вашите пневматици и тоа на:

-нагазниот слој на пневматиците

-притисокот во пневматиците

-центрирање на пневматиците

-ротација на пневматиците

-поправка на пневматиците

Нагазен слој на пневматиците

Редовно треба да се врши контрола на нагазниот слој.  Секој пневматик има свои индикатори  на трошење на нагазниот слој.  Кога еден пневматик ќе дојде со истрошеност до индикаторот, треба веднаш да се замени.  Исто така, кога длабочината на каналите на пневматикот ќе биде до 1,6mm тогаш истиот треба да се замени.  Можат да се јават и различни оштетувања на нагазниот слој како:   

-вдлабнување на некој дел, може да се јави како резултат на неправилно центрирање на тркалата или проблеми со системот за управување на возилото;

-поголема истрошенот на централниот дел на пневматикот, се јавува како резултат на повисок притисок од дозволениот;  треба да се провери притисокот во гумите;

-поголема истрошенот на надворешниот дел на пневматикот, се јавува како резултат на низок пристисок во пневматиците.

Притисок во пневматиците

Најмалку еднаш месечно треба да се провери притисокот во пневматиците.  Несоодветен притисок влијае врз трошењето на пневматикот и безбедноста во возењето.

Притисокот секогаш се мери на ладни пневматици.

Балансирање на пневматиците

Небалансирани пневматици прават вибрации при возењето и влијаат на трошењето на истите.

Затоа при секое местење на пневматиците или нивно сервисирање треба да се направи балансирање.

Ротација на пневматиците

За рамномерно трошење на пневматиците има општо правило за ротација на истите на секои 8.000-10.000 километри.

Поправка на пневматиците

Демонтирањето, поправката, монтирањето и балансирањето на пневматиците правете го секогаш кај соодветно оспособени вулканизери.