Што го скратува животниот век на гумата?


Што го скратува животниот век на гумата?

Животниот век на гумите го скратуваат:  брзите забрзувања,  ненадејните кочења,  преголемата брзина во завоите, брзото возење.

Гумите го паметеат секој пад во дупка, удар на рабникот, плочникот или на камен.  Невидливите оштетувања се акумулираат и ќе се покажат после извесен период, за жал можеби во најнезгоден момент.  Доколку опасните места не можете да ги избегнете возете споро и под прав агол.  

Почитувајте ја најголемата дозволена носивост, вклучително и притисокот на влечната кука на приколката која ја влече возилото.